Во Хаг почнува процесот против Делиќ
9 јули 2007Реклама
Во хашкиот трибунал денеска започнува судењето против генерал Расим Делиќ, командантот на главниот штаб на Врховната команда на Aрмијата на Босна и Херцеговина. Обвинет е за воени злосторства извршени врз Срби и Хрвати за време на војната. Се товари за воена командна одговорност, односно дека и покрај тоа што знаел за злосторствата на своите потчинети не преземал ништо да ги спречи или казни извршителите.