Во фокусот-прашањето со границите
6 април 2006�олу ова прашање.
Проблемот со демаркација на границата со државната заедница Србија и Црна Гора во делот со Косово , беше во фокусот на вниманието на разговорите меѓу Црвенковски со највисоките функционери на Србија , Црна Гора и на државната заедница . Црвенковски беше јасен кога станува збор за ова прашање:
Претседателот на Србија Борис Тадиќ го поздрави ваквиот став , како и останатите ставови на неговиот македонски колега , што се однесуваа пред се на референдумот во Црна Гора ,на обрските кон Хашкиот Трибунал и на регионалната соработка . Што се однесува пак до ставовите околу границата Тадиќ го напомена следново:
-Многу ги ценам сите политички ставови за овие проблеми што ги искажа претседателот на Македонија , Бранко Црвенковски . Разбирам оти тоа е официјалната политика на Република Македонија и очекувам дека такви ставови во иднина ќе бидат искажани и од страна на македонската влада . Бидејќи повторувам уште еднаш: највисок интерес на Србија навистина се најдобри односи со Македонија не само денес туку и во иднина“
Во Белград недоумици предизвика изјавата на македонскиот премиер Владо Бучковски дека Србија реално не може да биде партнер во демаркацијата на границата во делот кон Косово . Оттаму изјавата на претседателот Црвенковски дека тоа прашање воопшто не треба да се отвора , бидејќи во правна смисла е веќе завршено , дојде како мелем на рана .
Што се однесува пак до останатите теми , најмногу внимание му беше посветено на приближувањето на двете држави кон ЕУ и она што тие треба самите да го направат тој процес да биде забрзан . Соговорниците укажаа на тоа дека поголемиот дел од проблемите , кои ги мачат двете земји се однесуваат на целиот регион . Претседателот на Србија , Борис Тадиќ , изрази подготвеност да помогне во решавањето на некои проблеми во Македонија и оти соседната земја би можела да придонесе во решавањето на некои проблеми во Србија . Според него , тоа не би претставувало мешање во внатрешните работи на едната или другата земја . Тадиќ меѓутоа не објасни на што точно мисли .
Црвенковски во Белград се сретна и со претседателот на државната заедница Светозар Маровиќ како и со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ .
Покрај регионалната соработка , евроинтеграциите и црногорскиот референдум и на овие средби во фокусот беше прашањето околу демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово .
Црвенковски по попладневните разговори со Вујановиќ уште истакна дека меѓународната заедница би требала да биде главниот координатор во врска со демаркацијата на границата на Македонија во делот кон Косово.