1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Европа повторно се продаваат повеќе автомобили

16 април 2009

Економски пулсирања - избор од стопански вести

https://p.dw.com/p/HYSs
Фотографија: Leipziger Messe GmbH / Jens Schlüter

Има поединечни знаци дека рецесијата се ближи кон крај, оцени американската емисиона банка „Федерал ризрв“ во најновиот извештај за развојот на конјунктурата во периодот од почетокот на март до крајот на првата недела во април. Пет од вкупно 12 регионални единици на банката регистрирале забавување на опаѓањето на стопанските активности. Повеќе институти изјавија дека во некои области индустриските активности се стабилизирале на ниско ниво. Забележливи се знаци дека се стабилизираат и условите на пазарот на станбени објекти, иако притисокот таму останува голем. Според чуварите на монетарната стабилност, најмрачни се изгледите на пазарот на работна сила. Приватната потрошувачка останува на ниско ниво, што предизвикува пад на цените на услугите и во трговијата на мало.

*****************

На економскиот самит на ОН, на почетокот на јуни, според наводи од светската организација, ќе се дискутира за можно укинување на доларот како светска ориентирна валута. Тоа било желба на многумина учесници на самитот, оти многу земји ја загубиле довербата во американскиот долар, вели Мигел Д’Еското Брокман, претседател на Генералното собрание на ОН.

*******************

Директните странски инвестиции во Кина, во првиот квартал годинава, опаднаа за околу 20 проценти. Волуменот изнесува 16,4 милијарди евра. Лани, во тој период беше забележан пораст од 61 процент.

********************

Продажбата на автомобили во Европа, во март беше помала за 9 проценти во однос на истиот месец лани. Но, во некои земји се забележуваат први знаци на заживување на побарувачката - во Германија и во Франција е за осум проценти повисока бројката на новорегистрирани возила, а во Италија продажбата се стабилизира по 14 месеци опаѓање. Минусот кај пласманот на автомобили на европско ниво во јануари беше 27, во февруари 18 проценти. Во САД, во првиот квартал на годинава, се продадени 38 насто помалку возила отколку лани во истиот период, а во Јапонија 23 насто. Во земјите во подем има први знаци на подобрување.

Автор: ЗЈ/ЕМФ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска