1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Бејрут денеска закажани демонстрации на антисириски групи

14 февруари 2007

Повод е двегодишнината од убиството на поранешниот премиер Рафик Харири, при што загинаа и повеќе од 20 други луѓе

https://p.dw.com/p/AdtL
Саад Харири, зад него постер на Рафик Харири
Саад Харири, зад него постер на Рафик ХаририФотографија: AP

Демонстрантите во либанскиот главен град ќе ги предводи пратеникот во парламентот Саад Харири, син на убиениот политичар. Првичните очекувања дека ќе се соберат еден милион луѓе нема да се остварат поради вчерашните напади врз два минибуса, во кои загинаа три лица.

“Можно е некои луѓе да имаат страв да дојдат, посебно бидејќи атентатите се извршени врз возила што ние уште претходно ги изнајмивме за превоз на учесниците. Тоа беше сфатено како порака против демонстрацијата” – вели Надер Накиб, претседател на младинска организација своевремено основана од Рафик Харири.

Демонстрацијата не е само во спомен на поранешниот премиер, нагласува Накиб: “Повторно протестираме против оние што го отепаа Харири. Секој учесник ќе бара да биде востановен меѓународен суд за истрага на убиството”.

Во Бејрут се страхува од судири, дотолку повеќе што денешниот собир треба да се одржи на плоштадот на кој од декември наваму противниците на владата протестираат барајќи оставка на кабинетот на премиерот Фуад Синиора. Опозицијата најави контра-демонстрација но далеку на југот на земјата, во градот Тир.