Властите во Јемен имале предупредување од Ал Каида
3 јули 2007Реклама
Безбедносните власти во Јемен биле информирани за можноста од напад на Ал Каеда, но не и за времето или местото. Претседателот Али Абдула Салех изјави дека поради тоа биле засилени безбедносните мерки околу владините објекти, но не и пред верските храмови. Во самоубиствниот напад пред антички храм во Јемен, загинаа седуммина шпански туристи и двајца Јеменци, а голем е и бројот на повредени.