Владина криза во Полска
9 август 2007Реклама
Владината криза во Полска и натаму се заострува. Премиерот Јарослав Качински го отпушти министерот за внатрешни работи Јануш Качмарек. За него постои сомневање дека пренел доверливи информации со што ја спречил истрагата за можна корупциска афера во министерството за земјодлество. Качмарек го отфрлува обвинувањето. Пртетходоно беше отпуштен и министерот за земјоделство Анжеј Лепер, по што неговата партија се закани со повлекување од коалицијата. Се зголемува веројатноста за нови избори во Полска.