1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владина криза во Полска

10 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BES6

Опозиционата Демократска левичарска алијанса на Полска побара предвремено распуштање на парламентот поради владината криза во земјата. Шефот на владата Јарсолав Качински вчера го отпушти заменик премиерот Анджеј Лепер. Причина за овој чекор е сомневање за вмешаност на Лепер во корупциски скандал, соопшти кабинетот на Качински. Водството на Земјоделската партија на Лепер, потоа најави дека ќе ја напушти коалицијата.