Вајдман: Ако Грција не стои на зборот, нема пари!
12 мај 2012„Ако Атина не си стои на зборот, тогаш тоа е демократска одлука. Но, од тоа произлегува дека отпаѓа основата за дополнителнителна финансиска помош“, изјави Вајдман за весникот „Зиддојчен Цајтунг“. „Исто така земјите донатори мораат да се оправдаат пред својот народ“, додаде тој. Вајдман предупреди дека излезот на Грција од еврозоната ќе има поголеми последици за земјата, отколку за остатокот од еврозоната.
Но, критиките на претседателот на Бундес банката беа насочени и кон новиот француски претседател Франсоа Оланд, кој сака да ја промени посветеноста на Европската централна банка во борбата за поголем раст. Тоа би било опасно, рече Вајдман.
„Работните места и растот се создаваат со претприемачка акција. Централната банка може најдобро да придонесе во тоа, преку овозможување стабилност на валутата“, изјави Јенс Вајдман.
Оланд минатиот викенд победи на изборите. Тој бара европската програма за штедење да се дополни со елементи економски на раст.