Бугарите тешко се одлучуваат за вакцинација. Причините се многубројни: недоволна доверба во вакцините, противречни пораки од политичарите и лекарите, лошо организирани и слабо финансирани кампањи за вакцинација. Резултатот е - најниска стапка на вакцинација во Европа и една од највисоките стапки на смртност во светот. Еве како изгледа работата на еден мобилен тим за вакцинација во Враца.