Бран протести во Франција
20 ноември 2007Реклама
Франција ја зафати бран штрајкови против планираните економски реформи на претседателот Саркози. Покрај железница која штрајкува една недела, од денеска работата ја прекинаа и околу пет милиони вработени во јавните служби. Бараат поголеми плати и помали кратења на работни места. Поради штрајкот во земјата отпаѓа речиси секој втор воз и голем број метроа.