1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бомбашки напад во Измир

12 мај 2007

Во бомбашки напад на пазар во турскиот град Измир се ранети најмалку 15 лица,две од нив тешко.Сеуште никој не ја презеде одговорноста за нападот.Во Измир за утре се планирани големи демонстрации за поддршка на раздвојувањето на државата од црквата во Турција.

https://p.dw.com/p/AbxC
Турција потресувана од немири, од протестите неодмана во Истанбул
Турција потресувана од немири, од протестите неодмана во ИстанбулФотографија: AP

Експлозијата се случи утрото на дневниот пазар во Измир,токму кога трговците ги подигаа тезгите и ги изложуваа производите.Експлозивот бил прицврстен на еден велосипед оставен на влезот на пазарот.Бидејќи утрото нема многу купувачи,при ранетите се работи главно за трговци.Гувернерот на Измир по посетата на местото на настанот изјави:

"Вршиме истрага во различни правци.Ова е страшен настан,сакам да им го изразам своето сочувство на граѓаните на Измир,но ништо не можам да кажам за заднината,како што реков,истрагата се одвива во повеќе правци."

Можно е зад нападот да стои курдската терористичка група ТАК,која лани изврши повеќе бомбашки напади во регионот на западна Турција.По правило,оваа група во рок од 48 часа го признава делото.

Не е исклучено настанот да има врска и со за утре планираните протести притив владата,иако пазарот е доста оддалечен од местото каде се закажани протестите.За утрешниот собир пак ќе важат најстроги безбедносни мерки,како што вели и гувернерот Кирак:

"Ги презедовме сите нужни безбедносни мерки.Во акција ќе бидат околу 3 илјади полицајци,ќе имаме заштита и од безбедносните сили од морето.Целиот регион каде ќе се одржуваат демонстрациите ќе биде опколен,на сите приодни места ќе има сигурносни контроли.Сметаме дека протестите ќе бидат мирни,но подготвени сме на се."