1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Биртанската Кралица во Белата куќа

8 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag6Y

На петтиот ден од нејзината турнеја во Америка британската кралицата ја почна официјалната посета на Вашингтон. Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг Принцот Филип во Белата куќа беа пречекани од американскиот претседател Џорџ Буш и првата дама Лаура Буш со воени почести и 21 поздравен истрел. Во кусиот говор Буш ги истакна квлитетите за водач на кралицата и потсети на првите англиски доселеници пред 400 години во денешна Вирџинија. Кралицата од своја страна ја истакна долгогодишната соработка.