1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ким Мун го охрабрува дијалогот Белград - Приштина

АТ/ миа/ бета13 ноември 2012

Генералниот секретар на ОН ги поздрави „конструктивните чекори“ во рамки на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во редовниот извештај тој се надева дека тоа ќе доведе до траен мир во регионот.

https://p.dw.com/p/16iIn
Фотографија: AP

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги ограбри Белград и Приштина да го продолжат дијалогот со посредство на ЕУ и да ги применат до сега постигантите спогодби. „Се радувам на продолжувањето на дијалогот и се надевам дека (...) Белград и Пирштина постепено, но сигурно ќе се движат кон нормализаиција на односите и воспоставување на траен мир во регионот“, наведува Бан Ки Мун во редовниот тримесечен извештај.

Бан Ки Мун во извештајот наведе дека во претходниот период, од 16 јули до 15 октомври е направен позитивен напредок во настојувањата да се спроведат договорите постигнати во дијалогот со посредство на ЕУ.

„Ги поздравувам уверувањата на Белград и Приштина во поглед на нивната подготвеност и посветеност да го продолжат силното ангажирање во дијалогот, со цел да се решат спорните прашања по мирен пат и да се одржат нивните заеднички европски перспективи“, се нагласува во извештајот за мисијата на ОН на Косово.

Бан истакна дека последните неколку месеци покажале дека двете страни се способни да ги надминат пречките кои се појавиле поради различните интерпретации на договорите и дека „имаат волја да тргнат напред“.

Тој укажа дека по овие чекори треба да следи целосно спроведување на договорите постигнати за време на минатите состаноци во рамки на дијалогот.

Генералниот секретар на ОН во извештајот, кој Советот за безбедност ќе го разгледува на 27 ноември, истакнува дека во претходното тримесечие безбедносната ситуација на Косово била „главно мирна“, но укажа дека безбедносните инциденти и понатаму предизвикуваат загриженост.

Кога станува збор за безбедносната ситуација, Бан Ки Мун вели дека релативниот мир во претходниот период, посебно на северот на Косово, треба да се одржи. Инцидентите и тензиите во претходниот период и натаму загрижуваат и мораат да бидат решени на мирен начин. „Ги повикувам лидерите на Белград и на Приштина, како и локалните актери да покажат воздржаност, трпеливост и добра волја неопходна да се дојде до оддржливо решение“, наведе Бан Ки Мун и укажа дека е важно да се осигура безбедноста и слободата на движењето.