Арсенал на пат кон полуфиналето во Лигата на шампионите
29 март 2006Арсенал синоќа во Лондон целосно го надигра Јувентус од Торино. Обата гола се дело на тандемот Анри-Фабрегас: првиот го подготви францускиот интернационалец Тиери Анри, а го реализира 18-годишниот шпански фудбалер Фабрегас, кај вториот обратна ситуација - Фабрегас проигра, а Анри ја затресе мрежата. Арсенал го изедначи минатогодишниот рекорд на Милан – ова беше седми последовен натпревар во Лигата на шампионите на кој англискиот тим не прими гол.
Јувентус прикажа многу слаба игра, па голманот на Арсенал, Германецот Јенс Леман, речиси воопшто немаше работа. Во финишот италијанскиот тим остана без двајца фудбалери, откако поради втор жолт картон на средбата теренот мораа да го напуштат Каморанези и Зебина.
Во Лисабон Бенфика и Барселона не успеаја да ја затресат мрежата, иако обеде екипи имаа по некоја шанса.
Денеска се играат другите два четврфинални дуела: Интер го пречекува Вилјареал, а во Лион се среќаваат Олимпик и Милан.