Антивладини демонстрации во Москва
31 март 2007Реклама
На повеќе места во Москва се одржаа демонстрации на критичарите на руската влада. На еден собир на комунистите, според локални радио-станици, учествувале околу 3 илјади луѓе, протестирајќи против социјалната неправедност во Русија. За обезбедување на јавниот ред биле ангажирани 5 илјади полицајци, наведоа силите за безбедност.