1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан ја опоменува Северна Кореја

12 октомври 2006

Во седиштето на ОН во Њујорк денеска треба да се одржи седницата на Советот за безбедност во полн состав, што беше одложена вчера. Членките на Советот вршат интензивни консултации околу санкциите против Северна Кореја по атомската проба.

https://p.dw.com/p/AdwX
Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан
Генералниот секретар на ОН, Кофи АнанФотографија: AP

Кога се‘ би одело според волјата на амбасадорот на светската супер сила Џон Болтон, тогаш до утре би требало да има барем заеднички став на петте постојани членки на Советот со право на вето.

САД поднесоа предлог резолуција, што веќе ја разгледуваат петте постојани членки на Советот. Во неа е изложен каталог мерки и санкции против режимот на Северна Кореја. Официјален Пјонг Јанг вчера одреагира со закана, дека ќе преземе нови чекори, доколку САД одат на заострување на курсот. Во јавната дебата се вклучи и

генералниот секретар на Светската организација на заминување, Кофи Анан:

„Го повикав северно-корејското раководство да не ја заострува понатаму ситуацијата.„

Анан има и аргументи за таквата опомена на адреса на Пјонг Јанг. 15-те членки на Советот за безбедност денеска за прв пат официјално ќе разгледуваат предлог документ за санкции, што значи дека преговорите напредуваат:

„Не би рекол дека веродостојноста на Советот е под знак прашање затоа што одговорот не дојде во рок од 24 часа. Се надевам дека членките ќе се решат за ефикасни мерки.„

При тоа согласноста во Советот е поважна од темпото, нагласува генералниот секретар на ОН. Таквата темелност е важна бидејќи заканата по светскиот мир што доаѓа од Северна Кореја е голема:

„Тоа не е некако калашников, атомска експлозија или употреба на атомско оружје би можела да има огромни реперкусии не само за погодената земја, туку и за други, оддалечени земји.„

Генералниот секретар на заминување уште изрази увереност дека неговиот најверојатен наследник, јужно-корејскиот шеф на дипломатијата Бан Ки Мун, ќе се вклучи активно во решавањето на овој конфликт:

„Тој има предност што е лично веќе добро запознаен со темата. Тој ги познава културата и клучните фигури во регионот.„

На крајот Анан уште се заложи за директни преговори меѓу САД и Северна Кореја, што светската супер сила до сега упорно го одбива.