Абас во Париз
30 јуни 2007Реклама
Палестинскиот претседател Махмуд Абас во рамки на посетата на Европа, се изјасни за нови избори во појасот на Газа кои ќе ги обезбедуваат меѓународни сили. Абас ова го изјави во Париз, по разговорите со францускиот претседател Николас Саркози, од кого доби јасна поддршка за напорите за мир во регионот. Франција вети дека ќе испрати 15 милиони евра директна помош за населението во појасот на Газа кој е под контрола на Хамас.