1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен осомничениот напаѓач на француските војници

ЕМФ /агенции
9 август 2017

По престрелка на автопат во северна Франција, полицијата уапси лице за кое верува дека е извршител на нападот врз француските војници во предградието на Париз.

https://p.dw.com/p/2hwWW
Paris Angriff auf Soldaten im Stadtteil Levallois-Perret - Festnahme auf der Autobahn
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Huguen

Веста за апсењето попладнево ја соопшти францускиот премиер Едуар Филип. Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на судски извори, јавува дека при апсењето осомничениот не бил вооружен. Еден полицаец е повреден од заскитан куршум. Престрелката се одвивала на автопатот А 16, во насока на Кале.

Во нападот со автомобил врз воена патрола во Левалоа-Пере, предградие на Париз, тешко беа повредени двајца, а полесно четворица француски војници. Возилото „многу брзо“ се втурнало во групата војници во момент кога тие излегувале од касарната, сoопшти градоначалникот на Левалоа-Пере, Патрик Балкани. Истрагата за терористички мотивиран напад ја презеде антитерористичкиот оддел на Обвинителството во Париз.

Paris Angriff auf Soldaten im Stadtteil Levallois-Perret
Фотографија: Reuters/B. Tessier

Нападнатите војници се дел од антитерористичката операција Сентинел, која почна по исламистичкиот напад врз сатиричниот магазин „Шарли Ебдо", во јануари 2015 година. Во рамките на мисијата, низ Франција се распоредени 7 до 10 илјади војници.