1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп-Путин: Време е за сериозни разговори

СН/ агенции
16 јули 2018

Веројатно најмоќните политичари во светот, претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин го започнаа нивниот прв официјален самит. Средбата почна 45-минути подоцна поради доцнењето на авионот на Путин.

https://p.dw.com/p/31Ws7
Helsinki Trump-Putin Gipfel
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

Лидерите на САД и на Русија го отворија денеска историскиот самит во Хелсинки, при што Доналд Трамп вети „извонредни односи", а Владимир Путин истакна дека е крајно време за посветување на споровите во целиот свет.

Претседателот Доналд Трамп на почетокот на самитот со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки рече дека смета оти „светот сака да ги види заедно".

Helsinki Trump-Putin Gipfel
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

Трамп уште порача дека двете земји имаат „големи можности", но дека не се согласувале во изминатите неколку години. Тој нагласи оти Русија и САД можат да имаат „извонредна врска". Трамп најави оти на агендата на денешните разговори ќе се најдат трговијата, војската, проектилите, нуклеарно оружје и Кина, вклучувајќи го и нивниот „заеднички пријател" Ши Џинпинг од Кина. Тој не ја спомена темата мешањето на Русија во американските избори.

Повеќе на темата:

-Ќе го издаде ли Трамп Западот?

-Трамп и Путин како некогаш Буш и Горбачов

-Трамп, Путин и моќта на спонтаноста

Двајцата лидери седеа заедно во собата украсена со американско и руско знаме во финската претседателска палата, одделени со мала масичка. Состанокот започна 45 минути подоцна од закажаното, поради одложеното пристигнување на Путин во Финска.

Helsinki Trump-Putin Gipfel
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

Рускиот претседател Владимир Путин спроти средбата рече дека е време сериозно да разговара со претседателот Доналд Трамп за односите меѓу нивните моќни нации и за глобалните проблеми.

Путин откри малку за неговата агенда на почетокот на разговорите со Трамп во Хелсинки.  Трамп пак зборуваше поопширно додека постојано ги фотографираа, а Путин само рече оти „е дојдено времето да се разговара темелно за билатералните односи, како и за разните жаришта во светот". Тој ја нарече средбата дел од „постојаните контакти" меѓу двајцата лидери.