1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашања за д-р Меркел

7 јуни 2018

Канцеларката за првпат одговараше на прашања на пратениците во Бундестагот. Ги одговараше смирено, рутински и со факти. Зошто толку долго се спротивставуаше на вакво нешто, се прашува Јенс Турау.

https://p.dw.com/p/2z3y1
Deutschland, Berlin:  Bundeskanzlerin Angela Merkel (CDU) beantwortet erstmals im Rahmen einer Fragestunde die Fragen der Abgeordneten
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Во одреден момент пред извесно време Ангела Меркел мора да ѝ има дадено благослов на пратеничката група на Унијата во Бундестагот за ваквата идеја. Веројатно рекла: „Ако мора да се направи, тогаш ќе го направиме". Многу парламентарци од сите пратенички групи веќе подолго време сакаа здодевното испрашување на владата од страна на народните избраници, кое се одржува секогаш во среда во неделата на седници, да се дополни со вистинска пресметка со шефот на владата. Најмалку три пати годишно. Досега, долги години само државните секретари од министерствата одговараа на прашања за компликувани теми. Фино и важно за политичарите, но помалку интересно за пошироката јавност.

Но парламентарците од Бундестагот на патувања во странство, на пример во Велика Британија и Шпанија, можеа да доживеат колку живописно може да биде испрашувањето на шефот на владата. И сега, по премиерата во Германија може да се рече: Имавте право, вредеше.

Thurau Jens Kommentarbild App
Јенс Турау

Напади од АФД

Дури и за Ангела Меркел. Зошто канцеларката се спротивставуваше на ваквото испрашување? Со факти и без емотивни реакции таа одговори на прашањата за односите со Русија, Доналд Трамп, Кина, за скандалот со Сојузното агенција за миграции и бегалци. Секако, бидејќи во меѓувреме тоа стана традиција во Бундестагот, десните популисти од „Алтернатива за Германија" провоцираа колку што е можно повеќе. Меркел предизвикала наплив од беалци, потрошени биле милијарди евра, кога ќе поднесе оставка? Несомнено една од големите доблести на канцеларката е да се контролира и да не изгуби нерви во вакви ситуации, како што беше и овојпат. Наместо тоа, таа ја искористи можноста во оваа прилика да им се заблагодари на неколку илјади соработници на Сојузната агенција за миграции и бегалци. Тоа го прави некој кој сака да му одржи лекција на политичкиот противник.

Канцеларката го искористи ова испрашување и за неколку недвосмислени појаснувања. Дали ќе сака повторно да ја земе Русија во кругот на големите индустриски држави, односно од Г7 повторно да стане Г8? Во никој случај, бидејќи „анексијата на Крим е флагрантно кршење на меѓународното право." Затоа исклучувањето на Русија од групата е вистински потег. Точка.

Добро за Меркел беше и тоа што нејзиниот коалиционен партнер, СПД, му одолеа на искушението во оваа прилика да не поставува прашања со кои ќе се доразгорат постоечките тензии во владината коалиција. Од социјалдемократите имаше учтиви прашања. Секако дека ќе беше пожелно да се постави и некое поостро прашање, на пример околу тоа колку Меркел сноси одговорност за лошите услови во Сојузната агенција за миграција и бегалци, што секако ја има. Но, такво прашање немаше.

Заклучок: Ако Меркел се плашела од вакво испрашување, или од „горење“ како што пишуваа некои медиуми, тогаш тој бил неоснован. Ако вака се одвиваат работите, тогаш Меркел сигурно ќе дојде повторно. И сосема на крај таа се испроба со својот познат сувопарен хумор, којшто обично може да го доживеат само нејзини многу блиски луѓе: „Навистина е штета што ова заврши. Ќе дојдам повторно“, рече Меркел. Тогаш..