1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поради терористичка закана откажан концерт во Ротердам

ЕМФ
24 август 2017

Концерт во Ротердам е откажан по добиеното предупредување од шпанските власти за можен терористички напад. Откриено е транспортно возило со сомнителни шишиња со гас.

https://p.dw.com/p/2ijTC
Niederlande Terrorwarnung - Rockkonzert in Rotterdam abgesagt
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/RTL

Во моментот кога полицијата почнала да го затвора просторот каде што требаше да се одржи концертот на групата од Калифорнија, Алах-Лас, пристигнати биле само мал број посетители. Според организаторите на концертот, се очекувале околу илјада посетители. Меѓутоа, музичарите воопшто не излегле на бината.

Откажувањето на концертот следуваше по предупредувањето од страна на шпанските власти за можен терористички напад. Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, на прес-конференција изјави дека во близина на местото на одржување на концертот било пронајдено мало транспортно возило со сомнителни шишиња со гас.

Абуталеб наведе дека возилото имало шпански регистерски таблички. Возачот е упасен. Шпанскиот весник „Ел Паис“ извести дека уапсениот е најверојатно Шпанец.

Niederlande Terrorwarnung - Rockkonzert in Rotterdam abgesagt
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/RTL

Холандските антитерористички единици информираа дека нема поврзаност со атентаторите од Барселона и Камбрилс. Степенот на предупредување од тероризам не е подигнат, но тој и онака во целата земја е на четвртото од вкупно пет нивоа на предупредување.

По нападите минатата недела, истрагата соопшти дека осомничените атентатори најверојатно планирале повеќе големи напади, при што требало да бидат употребени и шишиња со гас.