1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остатоци од авионот пронајдени кај Александрија

ЕМФ/ртр/афп20 мај 2016

Еден ден по уривањето на авионот на Еџипт Ер, кој леташе од Париз за Каиро, египетската армија јави дека се пронајдени остатоци од авионот во Средоземното Море.

https://p.dw.com/p/1Ir6Q
Фотографија: Reuters/M. Abd El Ghany

Морнарицата пронајде делови од авионот на 290 километри северно од Александрија, соопшти денеска египетската армија. Лоцирани се и лични предмети на патниците во авионот. Бродови на морнарицата во моментов се во потрага по црната кутија од Ербасот А320, кој се урна од засега непознати причини.

Авионот со 66 патници и членови на екипажот, главно од Египет и Франција, исчезна од радарите во раните утрински часови во четвртокот. Египетската влада смета дека напад е поверојатна причина за уривањето на авионот отколку технички дефект. Од француска страна, пак, се демонстрира воздржаност. Министерот за надворешни работи Жан-Марк Еро изјави дека нема „апсолутно никакво укажување“ за причините за уривањето на авионот и дека и натаму се истражува во сите можни правци.

Во меѓувреме, во Каиро пристигнаа експерти за воздушен сообраќај како поддршка на истрагата.