1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Објавени хакирани податоци за странски новинари

Роман Гончаренко/Ж.А.14 мај 2016

Порталот „Миротворец“ објави хакирани податоци за новинарите акредитирани во сепаратистичките области во Украина. Општи протести на странските и домашните новинари.

https://p.dw.com/p/1InsR
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Armer

Огорчени, запрепастени, шокирани, вака најкратко може да се опишат реакциите на новинарите по објавувањето на нивните податоци. Погодени се оние кои со „извршувањето на работата го ризикуваа животот за во украинските и меѓународните медиуми да известуваат објективно за настаните во завземените подрачја во источна Украина“, се наведува во соопштението издадено во Киев. Повод е хакираниот список, првенствено на новинари акредитирани во самопрогласената т.н. Доњецка Народна Република, објавен од украинскиот интернет-портал „Миротворец“.

Руските и западните репортери во ист лонец

Хакираните податоци содржат преку 4.000 имиња, телефонски броеви и електронски адреси на репортери, фотографи, продуценти и преведувачи. На листата се соработници на СиЕнЕн, „Њујорк тајмс“, германскиот магазин „Шпигел“, па до регионални медиуми во Белгија или Кина. Порталот „Миротворец“ и на руските новинари, познати по својата пропаганда, еднакво како и врз украинските и западните, фрла генерално сомнение за соработка со „борци на терористичка организација“.

„Ваков масивен напад врз приватноста нема никаква врска со вредностите на ЕУ“, вели Франк Хофман, шеф на дописништвото на Дојче веле во Киев, чие име исто така се наоѓа на листата. „Многу елити во Киев не разбираат дека така можат да ја загубат добрата волја на Западот кон Украина,“ вели Хофман.

Новинарите воопшто не знаеле за објавувањето на листата и непознато е какви последици ќе има тоа. За „Миротворец“ очигледно е непозната новинарската пракса. За порталот звучело чудно западни медиуми да имаат известувачи со руско име и презиме. Иако, за медиумите во светот не е необично да ангажираат новинари кои доаѓаат од регионот.

Deutschland Reporter ohne Grenzen
Фотографија: picture alliance/dpa/B. Pedersen

„Репортери без граници“ - опасна постапка

Јохан Бир од организацијата „Репортери без граници“ со седиште во Париз укажува дека претставниците на медиумите кои се на листата, само ја вршеле својата работа. Акредитацијата во сепаратистичките области никако не е знак за поддршка, вели тој за Дојче веле. Објавувањето на листата тој го оценува за ужасно и опасно. Последица би било се‘ помал број новинари да одат во подрачјата под контрола на сепаратистите и светот на тој начин да има намалени информации.

На некои од новинарите веќе им се упатувани закани. Исто така се критикувани повиците на некои украински политичари новинарите од листата да бидат означени за „непријатели на Украина“. „Репортери без граници“ од украинските власти бараат итно преземање акција против интернет порталот кој ја објави листата.

Порталот „Миротворец“ инаку се појави на интернет во декември 2014. година, речиси една година по анексијата на Крим и почетокот на вооружените судири во источна Украина. Во заднина се крие идејата за „сепаратистичка база податоци“, пристапна за сите и која би и‘ помогнала на украинската тајна служба и на министерството за внатрешни работи. Целта е, како што се наведува на сајтот, „разоткривање предавници, броци, доброволци, терористи и руски војници“. Тоа се врши преку објавување приватни профили со фотографии, име, датум на раѓање, адреса, телефонски број и електронска адреса.

George Tuka
Георгиј Тука, основач на „Миротворец“Фотографија: DW/G. Tuka

Се смета дека основач е Георгиј Тука, познат како помагач на украинската армија. Тој меѓу јули 2015 и април 2016. година беше гувернер на подрачјето на Луганск, односно на деловите под контрола на Киев. Друга позната личност од „Миротворец“ е Антон Херашенко, пратеник во парламентот од владејачката партија „Народен фронт“ на бившиот премиер Јацењук и советник на министерот за внатрешни работи Арсени Аваков. Херашенко на личниот профил на Фејсбук го рекламирал објавувањето на списокот на новинари, фалејќи ги хакерите.

Познавачите оценуваат дека порталот нема да биде затворен дури и ако биде избришан спорниот список на новинари.