1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна расчистувањето на Идомени

СН/дпа/афп/ртр24 мај 2016

Состојбата во Идомени во последниве денови сѐ повеќе се влошуваше. Грчките власти сакаат да повлечат линија под ова трагично поглавје во бегалската криза. Евакуацијата започна без насилство.

https://p.dw.com/p/1ItN9
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Грчките власти денеска во 6 часот по локално време започнаа со расчистување на бегалскиот камп Идомени пред границата со Македонија. Евакуацијата на „дивиот“ камп во кој сѐ уште престојуваат околу 8.400 бегалци и мигранти се одвива мирно и полека, а безбедносните сили досега не мораа да применат насилство, соопшти портпаролот на штабот за бегалската криза на грчката влада, Јоргос Кирјацис. „Веќе беа размонтирани првите шатори. Сѐ се одвива според планот“, истакна Кирјацис за германската новинска агенција ДПА. Мигрантите и бегалците ги собираат своите лични работи и се качуваат во автобусите со кои треба да бидат одвезени во организираните сместувалишта во Грција. Првите автобуси веќе го напуштија Идомени.

Griechenland Behörden beginnen mit Räumung des Flüchtlingslagers in Idomeni
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

„Дивиот“ камп стана трагичен симбол на бегалската криза, зашто таму поради затворањето на балканската рута од крајот на февруари наваму останаа заглавени 10 илјади луѓе. И покрај катастрофалните животни услови во кампот, повеќето бегалци, одбиваа да бидат префрлени во други кампови во внатрешноста на земјата, бидејќи се надеваа на шанса да го продолжат патот во насока на северна Европа. Во рок од десетина дена кампот Идомени треба да биде целосно расчистен, а бегалците најнапред да бидат распределени по сместувалиштата во внатрешноста на Грција.

Според извештаите на светските новински агенциинајмалку 200 униформирани полицајци и десетици во цивилна облека учестувуваат во денешниот почеток на акцијата за евакуација на Идомени. Околу 20 полициски транспортери стојат подготвени на излезите од кампот а хеликоптер го надлетува теренот. На новинарите меѓутоа им е забранет пристап до кампот.

Griechenland Behörden beginnen mit Räumung des Flüchtlingslagers in Idomeni
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Во текот на вчерашниот ден според очевидци десетици мигранти го напуштиле кампот во Идомени, за да се обидат да се сокријат некаде во регионот. Тие претходно биле информирани од хуманитарни активисти за претстојната евакуација на кампот.