1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Лекциите од Шарлотсвил

Михаел Книге
16 август 2017

Омразата и насилството на екстремистичкиот собир во Шарлотсвил предизвикаа ужаснатост во САД и во светот, особено во комбинација со неадекватно бавниот и непромислен одговор на американскиот претседател Доналд Трамп.

https://p.dw.com/p/2iIdy
Charlottesville Demonstration Nazi Flagge Rechtsradikalismus
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/E.Molli

За научниците кои го проучуваат десничарскиот екстремизам во САД, изливите на расизам, омраза и насилство од минатиот викенд не беа сами по себе нешто невообичаено, вели Кас Мад, политиколог од Универзитетот во Џорџија, кој се фокусира на крајната десница во САД и во Европа.

Потенцијалот за насилство, гледајќи генерално, е голем, што покажаа протестите наречени „Обединете ја десницата“, одржани во март во Шарлотсвил, посебно кога екстремно десничарските настроени членови се конфронтираа со милитантните левичарски опозициски групи како што се антифа“, објаснува Кас Мад.

„Анализите, засновани на податоците од Базата на податоци за криминални на дела на екстремистите, покажуваат дека во последните 25 години во САД стотици луѓе се убиени од страна на екстремно десничарски групи, меѓу кои се и 'надмоќните белци', вели Џеф Грунволд, истражител во Националниот конзорциум за проучување на тероризмот и одговор на тероризмот кој на Универзитетот во Индијана учествуваше во изработка на студија за екстремно-десничарското насилство.

Не се нови ниту обидите, како што тврдат научниците, за  обединување на различни групи во екстремно-десничарскиот   спектар. Па сепак, како што аргументираат, постојат три важи аспекта, кои тоа што се случи во Шарлотсвил го издвојува од останатите инциденти или изливи на насилство на екстремно-десничарските собири.

Цел десничарски спектар

Како прво, за разлика од претходните обиди за обединување на екстремната левица, собирот во Шарлотевил успешно привлече различни сегменти од десничарското движење.

„Се појави целиот десничарски спектар. Не е вообичаено во САД неонацистите, идентитетското движење и припадниците на Кју Клукс Кланот да се појават заедно“, вели Мад. „Големината на протестот и пријавените претставници на различни групи на крајната десница го прават овој собир единствен“, додаде Грунволд.

Автомобили како оружје

Второ,  употребата на автомобили како средство за предизвикување насилство во Шарлотесвил е целосна новина. „Надмоќните белци во САД традиционално се потпираат на огнено оружје и на други видови кохвенционално оружје за да предизвикаат смртни случаи. Користењето на автомобили за смртоносен напад е поради тоа ново“, вели Грунволд.

Бавен одговор на претседателот на насилството

И трето, проблематичен е бавниот одговор на претседателот Трамп за насилството и фактот дека брза реакција во која тој би ги издвоил и осудил изливите на расизам и екстремизам на десничарите во Шарлотсвил изостана.

Во својата прва изјава во врска со Шарлотесвил Трамп ги осуди фанатизмот и омразата „на сите страни“. По забелешката и пропустот експлицитно да го осуди расизмот и десничарскиот екстремизам остри критики на сметка на Трамп стигнаа и од неговите Републиканци, Белата куќа наредниот ден објави кусо соопштение, во кое стои оти забелешките на претседателот „што се подразбира“ вклучувале и осуда за фанатизмот како и осуда за екстремната десница, иако тој збор не е експлицитно споменат.

Откако критиките не стивнаа, претседателот Трамп во понеделникот конечно објави соопштение, во кое експлицитно ги осуди расизмот и екстремната десница, но дури откако ја пофали состојбата во која се наоѓа американската економија како и неговата сопствена заслуга и улога во тоа.

Trump äußert sich zu Vorkommnissen in Charlottesville
Фотографија: picture alliance/dpa/AP/P. M. Monsivais

Претставници на крајната десница во Белата куќа

За Питер Сими, кој на универзитетот Чепмен го проучува екстремизмот, претседателовото колебање остро да ја осуди екстремната десница би можело да има врска со фактот дека за Трамп на различни работи во Белата куќа работат и неколки личности од екстремно-десничарската сцена. „Не претерувам кога велам дека тоа би можело да е поврзано. Дотолку повеќе, Трамп во предизборната кампања ги поддржа таквите избирачи и тие сега му ја возвратија услугата, поддржувајќи го како ниту една друга 'мејнстрим' политичка фигура, која сум ја проучувал или набљудувал во последниве 20 години“.

„Затоа Трамп“, пак смета Мад, „сноси морална а не законска одговорност за охрабрување на екстремната десница во САД“. Предизбораната кампања на Трамп, забележува овој експерт, не само што беше силно фокусирана на идентитетот и на виктимизацијата на велците , туку тој пропушти јасно да се дистанцира од белците-националисти. „Последица на тоа е што некои групи се чувствуваат охрабрени бидејќи сметаат оти имаат пријател во Белата куќа“.

Трамповата задоцнета осуда на насилстството на екстремната десница нема да го промени нивното мислење за него. „Осуда очекуваа сите, вклучително и десничарите“, вели Мад. „Тие на тоа гледаат како на тактичка постапка на Трамп, кој осудата ја изговорил бидејќи морал поради политички причини, а не затоа што верува и мисли така“.