Смртоносна роденденска забава
29 декември 2017Многу од жртвите во страшниот пожар беа девојки кои присуствуваа на роденденска забава на покривот на ресторанот, кога избувна пожарот, соопштија властите во индиската финансиска метропола. Лекарите соопштија дека тие страдале од гушење со чад, очигледно додека се обидувале да избегаат од зградата во пламен.
Уште читајте: Катастрофален пожар во Њујорк
Локалните медиуми јавија дека покривот на четирикатната зграда се урнал под притисокот на пламените јазици, блокирајќи им го на тој начин патот на луѓето кои се затекнале во зградата и се обиделе да избегаат.
Пожарот беше изгаснат во раните утрински часови, а сите преживеани кои биле однесени во болница се пуштени по неколку часа.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за пожарот и оти поднесла прелиминарна тужба против сопствениците на ресторанот. 11 од 14-те жртви се девојки, кои присуствувале на роденденската забава, соопштија властите. Случаи на пожари се чести ширум Индија поради лошите безбедносни стандарди и незадоволителната примена на постоечките регулативи за противпожарна заштита.