Катастрофален пожар во Њујорк
29 декември 2017Четири други лица се тешко повредени и се наоѓаат во животна опасност, изјави градоначалникот Бил де Блазио на прес-конференција. Со оглед на бројот на жртвите, Де Блазио говореше за еден од најтешките пожари во Њујорк по „многу, многу години".
Во меѓувреме продолжува потрагата по други жртви на катастрофата. Дванаесет луѓе беа спасени од пламените јазици од страна на припадниците на њујоршките противпожарни единици. Според извештаите на медиумите, двајца загинати биле пронајдени во када полна со вода, каде што очигледно побарале заштита од пожарот.
Пожарот избувна на првиот кат на станбена зграда во градската населба Бронкс во околу 19:00 по локално време (1:00 по средноевропско време) и многу брзо се прошири на останатите катови на зградата . Пожарникарите се бореа со огнената на надворешна температура од минус десет Целзиусови степени. Според наводите на противпожарната служба, во гаснењето на пожарот биле вклучени 160 пожарникари.