Штајнмаер е против вето за Македонија во НАТО
30 март 2008Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, по самитот на министрите во Брдо изјави дека е против вето за приемот на Македонија во НАТО. Тој за македонската програма на Дојче Веле нагласи дека Германија и други европски земји активно работат на изнаоѓање на решение за проблемот со името.
„Македонија за нас е важно прашање и како што знаете активно работиме на решавање на проблемот со името за да може веќе подготвените одлуки за членство во Букурешт да се реализираат, секако и за Македонија. Според нас тоа може да биде важен фактор за стабилноста на земјата и затоа до почетокот на самитот на НАТО нема да се откажеме од потрагата по решение за овој спор, рече Штајнмаер и додаде:
„Се надевам дека ќе ни успее и дека по Самитот во Букурешт ќе можеме да кажеме дека Македонија и припаѓа на Алијансата“, изјави шефот на германската дипломатија Штајнмаер за македонската програма на Дојче Веле, по министерската средба во Брдо кај Крањ.