1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Не е прифатливо бојкотирање на членството на Македонија во НАТО

Силвера Падори27 март 2008

Jадранската група треба да добиe покана во Букурешт. Вето од Грција и бојкот на Македонија поради името не е прифатливо. Сметаат германските Либерали кои недела пред Букурешт поднесоа документ со 22 очекувања од НАТО.

https://p.dw.com/p/DVpa
Дали самитот во Букурешт ќе биде успешен за Македонија како и конференцијата во Охрид - ќе се знае за недела.Фотографија: MIA

Наредниот самит на НАТО во Букурешт се оддржува во мошне неповолен период. Во САД е во тек претседателската изборна трка. Неизвесна е и руската позицијата која ќе ја има Медведев. Нејасни се натамошните задачи во Авганистан и Ирак. Актуелниот американски претседател Буш, пак, притиска кон прифаќање на Украина и Грузија во Алијансата. Поради сево ова германските либерали, наспроти самитот во Букурешт, подготвија документ со 22 точки за идните очекувања од НАТО. Меѓу нив единаесеттата се однесува токму за Балканот.

Покана за комплетната Јадранска група

„Сметаме дека трите земји Хрватска, Македонија и Албанија во Букурешт ќе добијат покана за членство. Трите земји имаат подеднаква заедничка историја и заедничка развиена програма т.н.Јадранската карта за прием во Алијансата. Неспорно е дека трите немаат исто ниво на развој - Хрватска предничи, Македонија е во средината, а по неа следува Албанија. Но, сметам дека од политички причини, има смисла на трите земји сега да им се овозможи членството” - објаснува балканскиот екпсерт Рајнер Штинер. Вернер Хојер, надворешнополитички гласноговорник на либералите и вице шеф на пратеничката група го подвлече спорот меѓу Македонија и Грција околу името. Проблемите какви што се Кипар или Македонија, според него ја нарушуваат способноста за соработка меѓу Европската Унија и НАТО.

Решавањето на проблемите во интерес на ЕУ и НАТО

„Оваа блокада мора да ја надминеме. Во Кипар е направен чекор напред. Во однос на Македонија, гледам дека има сериозни напори од страна на нашите партнери, посебно Американците, да се дојде до решение во кое Скопје и Атина би направиле пробив до Букурешт. Не може поради вакви работи да трпат ЕУ и НАТО” - смета Хојер

Рајнер Штинер, истакнува „Според нашето видување, проблемот со името на Македонија е специфичен. Но, имаме и разбирање дека за Грција тоа е нешто многу значајно.Но, во заеднички и во интерес на одбрамбената способност на Алијансата е овој проблем да се разреши. Не е прифатливо една заемја, во случајот Грција, да го бојкотира членството и да стави вето поради една нерасчистена ситуација со името. Се надеваме дека двете земји пред самитот во Букуреш наредната недела, ќе дојдат до решение.”