1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спор за грмушка ќе предизвикаше војна меѓу Либан и Израел

4 август 2010

Банален спор, околу сечење на дрвја и грмушки околу заедничката граница, бил причината за вчерашниот судир меѓу израелските и либанските војници.

https://p.dw.com/p/ObUA
Фотографија: AP

Во инцидентот кој повторно ги зголеми тензиите на Блискиот исток, животите ги загубија двајца либански војници и еден новинар, како и еден израелски војник. Денеска (04.08.2010) двете страни си ја префрлаат одговорноста и се обвинуваат меѓусебно за нарушување на граничната линија.

„Сметаме дека ова е уште едно нарушување на резолуцијата од 2006-та, и ја сметаме либанската влада за одговорна за случувањата“, изјави Енди Давид од израелското министерство за надворешни работи.

„Израелската армија навлезе во либанска територија, што предизвика либанската армија да одговори на ваквото насилство“, одговори либанскиот државен министер, Мишел Фарун.

Israel Soldat Libanon Hisbolla Panzer
Израелска армија на границата со ЛибанФотографија: AP

Ова е прв поголем судир меѓу двете страни по израелската инвазија во 2006 година, која претежно беше насочена кон борците на Хезболах.

Потврда од ОН

Претставници на мировната мисија на ОН, кои ја обезбедуваат границата, денеска потврдија дека до инцидентот дошло кога неколкумина израелски војници се обиделе да исечат неколку дрвја и грмушки во пограничниот појас. Дрвјата биле на израелска територија.

Утрово, израелски војници, но овојпат придружувани од оклопни транспортери и тенкови, ги исекоа дрвјата.

Советот за безбедност на ОН ги повика двете страни на воздржаност. Членовите на Советот се длабоко загрижени за случувањата и ги повика двете страни да не дозволуваат во иднина такви инциденти. Со сличен став излегоа и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ЕУ и американскиот Стејт Департмент.

Израелската влада денеска на итна седница треба да одлучи за следните чекори, а либанскиот премиер Саад Харири ја осуди, како што рече, „израелската агресија“.

Автор: БГ/дпа/афп/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема