1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ништо друго освен трошоци?

25 ноември 2009

Бундестагот треба да го продолжи мандатот на германската морнаричка мисија пред брегот на Либан, за спречување на шверцот на оружје за Хезболах. Германските морнари меѓутоа досега немаа многу работа.

https://p.dw.com/p/KeNr
Германските бродови попусто крстарат пред брегот на Либан?Фотографија: AP

Точно е: германските бродови кои крстарат пред брегот на Либан досега не успeаја да фатат ниту една испорака на оружје за Хезболах. Истото важи и за бродовите на другите држави кои се дел од меѓународната поморска мисија, Италија, Грција Турција и Полска. Не беше пронајден ни патрон, ни автоматска пушка ниту експлозив, зашто криумчарењето на оружје за шиитската радикална група Хезболах сега пред се’ се одвива преку копнената граница меѓу Либан и Сирија.

Значи освен трошоци не се случи ништо за меѓународните контролори пред брегот на Либан? Мисијата беше создадена со резолуцијата 1701 на ОН, кон крајот на војната во Либан меѓу Израел и Хезболах во 2006 година. Уште тогаш меѓутоа беше јасно дека оружјето воопшто не доаѓа преку море. Но меѓународната заедница сакаше да демонстрира решителност.

Успешна мисија, според канцеларката Меркел

Лутина кај многу Либанци предизвика една изјава на германската канцеларка Ангела Маеркел дека Германија се вклучува во мисијата за да го заштити Израел. Ахмет Фатфат, тогашен либански министер за внатрешни работи реагираше на следниов начин: „Изјавата на госпоѓа Меркел дека германската морнарица е тука за да го заштити Израел не е добра, не. Германската морнарица е тука за да ја спроведе резулуцијата на ОН 1701 значи да спречува да биде шверцувано оружје во Либан по морски пат“.

Libanon Deutschland Bundesmarine vor Beirut
Германските морнари крстарат во близина на БејрутФотографија: AP

Фатфат имаше право. Да им се помогне на Либанците, ова оружје да не може да се испорачува. Вака задачата ја дефинираше и Дирк Кох тогаш заменик командант на германската морнаричка мисија. И во оваа смисла, значи спречување на можните испораки на оружје, мисијата, така да се каже, беше успешна. „Верувам дека можеме да кажеме дека тоа е многу успешна мисија“, задоволно потоа изјавуваше и канцеларката Меркел.

Шверцот продолжува по копнен пат преку границата со Сирија

Во суштина меѓутоа оружје за Хезболах колку што е досега познато не се испорачува преку море. Тоа веројатно ќе беше така и без присуството на меѓународната флота. Копнениот пат од Сирија кон Либан е многу подиректен, побрз и поиспробан. Тој води преку една во многу делови отворена граница, а на многу места не е ни точно утврдена граничната линија. Регион во кој либанската држава речиси и да не е присутна. Влијателни локални големи семејства, кланови на производители на дрога, Хезболах и палестинските радикални групи таму го имаат главниот збор. Во најголем дел преку неасфалтирани патишта се одвива шверцот од Сирија, што не мора да значи дека оружјето секогаш има сириско потекло. Тоа може да доаѓа од Иран или од некое друго место.

Канцеларката Ангела Меркел во 2007, една година по почетокот на мисијата, укажа и на тоа дека германската морнарица му дава поддршка на Либан при обуката и техничкото опремување на неговите морнарички единици. Барем тоа не може да се спори.

Автор: Улрих Лајдхолд/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска