1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со серија светски самити во потрага по одговор на финансиската криза

19 октомври 2008

Американскиот претседател Буш и европските лидери, на состанокот во Кемп Дејвид,ја поддржаа идејата за одржување серија светски самити посветени на глобалната финансиска криза. Првиот најверојатно ќе се одржи во ноември.

https://p.dw.com/p/Fct3
Средба на американскиот претседател Буш со францускиот колега Саркози и првиот човек на ЕК, БарозоФотографија: AP

Како да се надмине светската финансиска криза и како да се избегнат вакви кризи во идинина. За тоа во Кемп Дејвид разговараа американскиот претседател Џорџ Буш, францускиот колега Никола Саркози, кој е претседавач со ЕУ и претседателот на Европската комисија, Хозе Мануел Барозо. Потоа се согласија - потребно е одржување на серија меѓународни самити посветени на кризата. Тројцата соговорници се договорија во текот на следнава недела, за овие идеи, да разговараат и со останатите светски лидери.

Првиот самит во ноември?

Првата таква средба ќе биде одржана веднаш по претседателските избори во САД, закажани за 4 ноември, а Буш се понуди и да биде првиот домаќин на таквиот самит. „Првата задача е да се стабилизраат финансиските пазари во нашите земји. Но, земајќи го ова в предвид, светот никогаш не бил повеќе меѓусебно поврзан.Најважно е да работиме заедно, бидејќи сите сме погодени од кризата,“ рече Буш. И францускиот претседател Саркози предупреди од поединечни акции. „Секој регион, САД, Европа, Азија секако мора да пронајде сопствен одговор. Но, одговорите ќе бидат поефективни кога државите ќе зборуваат во еден глас,“ рече Саркози. Портпаролот на Белата куќа, Тони Фрато, пак појасни дека тројцата лидери предлагаат одржување на „серија самити“ бидејќи “би било премногу амбициозно“ да се очекува дека натрупаните финансиски проблеми ќе се решат на само еден состанок на врвот.

USA Finanzkrise George Bush Rede in Washington Handelskammer
Буш сака да биде домаќин на првиот самит за кризатаФотографија: AP

Потребна е реформа на сегашниот финансиски систем

Во своите претходни настапи Саркози бараше реформа на сегашната меѓународна финансиска архитектура, која е воспоставена по Втората светска војна на конференцијата во Бретон Вудс во 1944 година. „Состанокот во Бретон Вудс траеше три недели, а на него учествувале 44 земји, и то во време кога бројот на држави во светот бил помал,“ кратко прокоментира портпаролот на Белата куќа. Но, Фрато не сакаше да наведе колку држави ќе учествуваат на првиот самит, додавајќи дека нема да бидат само најразвиените индустриски земји од Г7. Јапонскиот министер за финансии, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да учествува во подготовките за самитот под услов на тој состанок да се усвои силен акционен план за решавање на кризата којашто ги погоди финаниските пазари низ светот.