Со многу спектакл во Новата година
1 јануари 2012Пред историската кулиса во Берлин, стотици илјади граѓани ја дочекаа 2012-та година. Кулминација на новогодишната ноќ пред Бранденбуршката порта беше спектакуларниот огномет на полноќ, кога небото над Берлин се обои во златна боја, а луѓето прегрнуваќи се со шампањ в рака си ја честитаа Новата година. Претходоно старата година од бината во Берлин ја испратија повеќемина германски познати музичари како пејачот на шлагери Удо Јиргенс, но и Ди Џеј Етци и Шкорпионс.
Во Лондон повеќе стотици илјади луѓе присуствуваа на традиционалната новогодишна прослава на Темза, каде ги очекуваше десетминутен огномет придружуван со музика.
Помирно беше во Париз. На тамошната прослава, исто како и претходните години, беа забранети пиротехнички средства поради безбедносни причини.
Во Азија и Австралија луѓето ја дочекаа Новата година пред Европејците. Уште во 11 часот по средноевропско време жителите на Самоа, Токеалу и редица острови во Пацификот ја прославија Новата 2012-та година.
Со голем огномет над пристаништетот во Сиднеј и жителите на Австралија меѓу првите ја дочекаа новата година. На сиднејскиот пристанишен мост огнометот се издигаше во форма на пеперутки, срца или облаци. Како симбол на надежта на средина на мостот беше пројецирано виножито. Повеќе од 1,5 милиони луѓе се воодушевуваа на новогодишното шоу.
Во Пекинг во последните секунди на 2011-та година беше пројецирано ласерско шоу на 600 години стариот Небесен храм. Жителите на кинескиот главен град меѓутоа не беа поканети, бидејќи комунистичкото раководство стравува дека секој собир на народни маси претставува непредвидлив безбедносен ризик.
Карневалско расположение и покрај дождот пак во Бразил. На плажата Копакабана во Рио околу два милиони луѓе гледаа како од чамците во водата се истрелуваа илјадници ракети кон небото.
Шест часови по Европа и граѓаните на Њујорк влегоа во Новата година. Пред очите на околу милион луѓе, Лејди Гага го притисна копчето на полноќ и познатата кристална кугла се издигна над Тајмс сквер.
Автор: АТ/ ЖА/ дв/ дпа/ дапд/ епд
Редактор: Жана Ацеска