1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

301211 Bundeskanzlerin Neujahrsansprache

31 декември 2011

Секоја година на новогодишната вечер германскиот канцелар им се обраќа на граѓаните преку телевизијата. Годинава канцеларката Ангела Меркел тоа го прави со воздржан оптимизам по тешката година зад нас.

https://p.dw.com/p/13cER
Меркел: Да се задржи оптимизмот и покрај кризатаФотографија: dapd

Пресвртите во Северна Африка и Блискиот Исток, земјотреси, поплави, катастрофата во Јапонија и раѓањето на седуммилијардитиот жител на Земјата, Меркел се навраќа на сите овие настани: „2011-та година без сомнение беше година на длабоки промени“.

Новогодишната порака обично е полна со оптимизам, но овојпат на Меркел не и‘ е лесно да гледа со толкава доверба во идната година. Зашто, европската должничка криза „не‘ не остава да здивнеме“. Европа се наоѓа во „најтешкиот пробен тест во последните децении“, констатира канцеларката според претходно објавениот текст на новогодишниот говор. Меркел знае дека „многумина од нас се загрижени за сигурноста на нашата валута“. Но, граѓаните можат „да бидат уверени дека ќе сторам се‘ за да го зајакнам еврото“, ветува Меркел.

Научена е лекцијата дека „заедничката валута може да биде успешна само ако ние во Европа соработуваме меѓу нас повеќе отколку досега“.

Neujahrsansprache Merkel
Новогодишна порака на МеркелФотографија: dapd

Како и германскиот претседател Кристијан Вулф пред една недела во Божикната прака, и Меркел се осврнува на откриениот „десноекстремистички терор и банда убијци“, која во текот на една деценија убила десет луѓе. Должни сме кон жртвите да се изврши расчистување на делата, вели канцеларката. „Наша должност е решително да ги браниме врендостите на нашето отворено и мирољубиво општетсво, во секое време и против секаква форма на насилство“.

За идната година Меркел најавува натамошни напори за сигурна иднина на Германците. Ќе бидат поддржувани семејствата, ќе биде подобрена негата на немоќните и болните. За да биде стопанството поуспешно, а условите на животот поеколошки „брзо ќе го спроведуваме нашиот енергетски концепт“, односно откажувањето од атомската енергија и изградбата на извори на обновлива енерегија, „Мораме да мислиме на утрешнината“, истакнува Меркел.

Автор: Петер Штицле/ Ж.Ацеска

Редактор: Александра Трајковска