1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести ширум светот против раководството во Техеран

21 јуни 2009

Властите во Иран преземaат брутални мерки против демонстрантите. Американскиот претседател Барак Обама побара од Техеран да се откаже од насилството. Иран пак бара Западот да не се меша во внатрешните работи на земјата.

https://p.dw.com/p/IVjN
Фотографија: AP

При демонстрациите во Иран, според информации на државната телевизија објавени денеска (21.06.09), убиени се најмалку десет лица. Тие го загубиле животот за време на судирите во саботата меѓу полицијата и, како што ги нарече телевизијата, „терористите“. Подбуцнувачите на немирите запалиле две болници и една воена касарна. При демонстрациите уапсена е и ќерката на поранешниот претседател Али Акбар Хашеми Рафсанџани, јави државната новинска агенција Фарс.

Einsatz von Tränengas im Iran
Употреба на солзавец во ИранФотографија: AP

Според СиЕнЕн, кој се повикува на болнички извори, во судирите животот го загубиле 19 лица. Податоците на владата тешко може да бидат проверени, бидејќи и натаму се попречува работата на медиумите. Според очевидци, милициите брутално ги тепале демонстрантите, кои вчера излегоа на протести и покрај забраната за демонстрации. Биле употребени и солзавец, водени топови и гумени палки. Агенциите јавуваат дека Иран денска му наредил на дописникот на БиБиСи да ја напушти земјата во рок од 24 часа. Тој е обвинет за пренесување невистинити информации и матријали.

Иран бара Западот да не се меша во внатрешните работи

Во меѓувреме, властите во Техеран го заострија тонот и кон водачот на опозицијата Мир Хусеин Мусави. Државниот секретар за безбендост Абас Мохтаџ се закани дека тој ќе биде одговорен за „последиците од нелегалните собири“. Мусави од своја страна побара да се поништат изборите.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги повика САД и Велика Британија да не се мешаат во внатрешните работи на земјата. Претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани се заложи да се преиспитаат дипломатските односи со Германија, Франција и Велика Британија. Изјавите на трите земји за иранските избори биле срамота, смета Лариџани.

Меѓународна критика

По последните немири во Иран се зголемува и критиката кон раководство во земјата. „Ја повикуваме иранската влада, да ги стопира сите насилни и неправедни акции против сопствениот народ“, рече американскиот претседател Барак Обама во соопштение објавено вчера вечер.

Belgien EU Gipfel Deutschland Angela Merkel in Brüssel
Германската канцеларка Ангела МеркелФотографија: AP

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го повика Техеран на ново пребројување на гласовите. Во соопштението објавено во Берлин се вели: „Германија е на страната на луѓето во Иран, кои сакаат да го спроведат своето право на слобода на говорот и правото на слободно собирање“. Канцеларката побара од Техеран да допушти одржување на мирни демонстрации и да не употребува насилство против демонстрантите. Освен ова би морале да бидат ослободени приведените опозиционери и да биде дозволено медиумите слободно да известуваат.

Десетици илјади луѓе ширум светот, вчера излегоа на улични протести во знак на поддршка на иранската опозиција.

Автор: АТ/дв

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема