1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пропагандна војна

12 август 2008

Русија веројатно ја има конотролата во Јужна Осетија. Грузија го прекрши едностарно прогласениот прекин на огнот. Хуманитарната катастрофа зазема се поголеми размери. Во Брисел за состојбата на Кавказот расправа и НАТО.

https://p.dw.com/p/EvDm
Руските трупиФотографија: AP

Грузискиот совет за безбедност вчера вечер соопшти дека руските трупи навлегуваат на територија на земјата и се на пат кон главниот град Тбилиси. Според претседателот Михаел Сакашвили руската армија има контрола над најважната сообраќајна поврзница автопатот исток - запад и војниците во близина на градот Гори дефакто ја запоседнале границата и се на 100 километри од главниот град. Тој ја повика меѓународната заедница да и помогне на земјата.

Демант од Русија

General Anatoly Nogovitsyn zu Konflikt Russland Georgien
Генерал Анатолиј НоговицинФотографија: AP

Руските медиуми говорат за дезинформации и обид на Грузија да го вовлече западот во конфликтот. Руските министерства демантираат како запоседнување на градот Гори така и движење на трупите во правец на Тбилиси. Претставникот на генералштабот на руската армија, Анатолиј Ноговицин вчера попладне уште еднаш нагласи „Нема да излеземе надвор од границите на зоната за кojа сме ние одговорни. Тоа е наш принципиелeн став. Руските мировни трупи немаат задача да ја запоседнат територијата на Грузија.“

Во Грузија се сомневаат во ваквите изјави. Руските трупи од Абхазија вчера вечер навлегле на грузиска територија. Министерството за одбрана потврди дека имало напади во западно гурзиската база Сенаки. Грузиските трупи пак покрај прогласеното примирје одново го нападналe глaвниот град на Јужна Осетија Цхинвали. Во меѓувреме руските трупи повторно се повлекле во Абхазија.

Неизвесност во Абхазија

Сеуште не е јасно што ќе се случи со долината Кодори, каде руските и трупите на Абхазија заобиколија околу 1.500 грузиски војници на кои им е поставен улитиматум. Министерот за одбрана на непризнаетата Република Агбхазија Мераб Кишмарија „Според нашите податоци мнозинстовото од населението ја напушти долината Кодори. Сакам уште еднаш да се обратам до оние кои останаа и до гурзиската војска да ја искористат можноста и да ја напшуштат долината. Ако гуризиската армија остане ќе бидеме принудени да употребиме сила.“ Ултиматумот помина вчера вечер, а според последните информации војската поставила нов рок.

ЕУ и САД ги евакуираат своите граѓани, НАТО расправа во Брисел

Во меѓувреме поради постојаните борби околу 40 илјади лица се во бегство, а Европа и САД почна да ги повлекува своите граѓани. Повеќе стотици странци со организирани превози веќе се евакулирани од земјата. Меѓународните организиции зборуваат и за хуманитарна катастрогфа, а првите конвои помош веќе пристигнаа во земјата.

Денеска гурзиската министерка за надворешни работи Ека Ткешелашвили во Брисел ќе побара поддршка и од НАТО, но според сите најави Алијансата нема намера да биде вовлечена во конфликтот. Од 11 часот треба да почне состанокот на амбасадорите на 26 те земји членки со генералниот секретар Јаап де Хоп Шефер, а подоцна ќе се приклучи и министерката на Грузија. Грузија има договор за партнертсто, но како земја којашто не е членка на НАТО нема право на воена поддршка. Русија од своја страна пак бара да биде сослушана и тоа пред средбата на НАТО со Грузија. Се очекува соопштение на НАТО во кое ќе побара мировно решение на конфликотот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема