1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Први мерки на новата влада

29 јули 2011

Македонската Влада на денешната прва седница донесе низа мерки, кои ќе ја подобрат бизнис климата, ќе имаат позитивно влијание врз стандардот на граѓаните и ќе ги подобрат можностите на компаниите.

https://p.dw.com/p/126LH
Македонскиот премиер, Никола ГруевскиФотографија: MIA

Според изјавата на премиерот Никола Груевски, Владата решила од први септември годинава да поевтини „зелената карта“ за патничките и товарните моторни возила, да се намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто за туристичките услуги и за прометот и увозот на суровото масло, кое се употребува при производството на масло за јадење. Даночните обврзници, пак, чиј вкупен приход остварен во претходната година по сите основи не изнесува повеќе од три милиони денари целосно ќе бидат ослободени од обврската за плаќање данок на добивка.

Образложувајќи ги останатите владини мерки, премиерот Груевски на прес-конференција уште еднаш изрази благодарност до граѓаните за поддршката и довербата. „Ветуваме дека максимално ќе работиме во интерес на сите граѓани за да ја исполниме програмата во функција на подобрување на животниот стандард и економскиот раст и развој. Довербата мора да се оправда. Треба да се дејствува брзо и ефикасно. Реформите продолжуваат со несмалено темпо и со зголемен интензитет“, подвлече премиерот, Никола Груевски.

Автор: АМ/миа

Редактор: Горан Чутаноски