1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Името и економијата - предизвици на новоизбраната влада

29 јули 2011

Третиот кабинет на премиерот Никола Груевски ја доби подршката на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. По полноќ владината колона се искачи на Водно, во резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов на заедничка фотографија.

https://p.dw.com/p/125uh
Групна фотографија на новата македонска владаФотографија: MIA

Во изминативе два дена мандатарот Никола Груевски издржа плотуни со критики од опозицијата. Тој внимателно ги слушаше, а често, без предрасуди, полемизираше со некои од нивните автори, бранејќи ги своите програмски цели и континуитетот на победи на изборите, од локални, до претседателски и во три парлементарни циклуси.

На крајот од заседанието се соочија премиерските кандидати за јунската битка - победникот Никола Груевски и Радмила Шеќеринска, втор пат губитник во трката со него.

Шекеринска од собраниската говорница со провокација : „Кога некој за нешто ќе се извини, како што тоа го направивте, ако е искрено, тогаш се очекува да го промените начинот на кој работите“.

„Каква ароганција“, реплицираше мандатарот,„ како ли ќе региравте ако победевте, сега навредувате, провоцирате кога шест избори губите и ја немате подршката од избирачите“, одврати Груевски.

Der mazedonische Premierminister ist Nikola Gruevski wiedergewählt
Премиерот Груевски во Собранието по положувањето заклетваФотографија: MIA

Шеќеринска предупреди дека во САД се враќа референцата наместо признатото уставно име, дека владата нема концепт како да се справи со атаците врз македонскиот идентитет. Според неа индикативни се и информациите за симболично намалување на финансиската помош од Вашингтон. Не случајно е темпирана промовираната инцијатива за враќање на реферецата ФИРОМ, наспроти признаеното име - Република Македонија од страна на Белата куќа.

Спорот за името со Грција е повторно најголемиот предизвик

Првиот шеф на дипломатијата Денко Малески оценува дека САД не се откажуваат од подршката на Македонија. Со такви мотиви го стимулираат дијалогот Папандреу-Груевски. „ Доволен доказ за вниманието на САД се сребите на македонскиот премиер со Потпредседателот на САД, Џо Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон“. Сепак универзитетскиот професор по меѓународни односи, Малески преупредува:

„САД можеби еден ден ќе не остават за да проверат што можеме сами да направиме, како ќе се справиме со името и до каде ќе одиме“.

Речиси и не стивна ехото од премиерскиот став околу спорот со името и дека нема промена на Уставот, по цена компромисот да биде ново име со географска одредница, стигна и реакцијата на официјална Атина.

„ Наместо кон договор, Груевски со сопствената непомирливост ја држи како заложник европската иднина на државата“, изјави шефот на грчката дипломатија Ламбинидис. Категоричен беше и гостинот од Брисел –директорот на ЕУ за проширување, по дводневните средби со македонскиот врв и опозиција кажа –„решавањето на прашањето за името е од клучна важност за да се започнат преговори со ЕУ“, рече во Скопје Стефано Санино.

„Не верувам во приказните дека ако Македонија го смени името во комуникациите во ОН или ЕУ ќе го загуби македонскиот национален идентитет. Напротив, дај да станеме партери со Грција во евроатланските сојузи, па на иста маса да разговараме понатаму“, рече за ДВ Ерол Ризаов еден од доајените на македонското новинарство.

Предупредување од економско- безбедносни турбиленции во регионот

Nikola Gruevski und Gorge Ivanov
Премиерот Груевски на приемот кај претседателот Ѓорге ИвановФотографија: MIA

Иако надворешно-политичките прашања не беа посебно акцентирани ниту во премирскиот настап, ниту во паралментарната дебата, експерти во Скопје предупредуваат дека малиот пазар и кревката економија на Македонија зависат и од најмали безбедносни – економски турболенции во регионот – како најновите косовски случувања или финансиката криза во Грција, што може да ја поремети владината агенда на развој, инвестиции, соцјална сигурност и привлекување на гринфилд вложувања.

Првиот ден од промоцијата на владините приоритети, доминираа меѓуетничките односи, пред се’ амнестијата на припадниците на ОНА кои биле вмешани во 4 случаи на воени злодела. Иако нема формален коалициски договор тандемот Груевски- Ахмети, како старо-нова влада ја искористи шансата преку три парламентарни одлуки, ДУИ да авансира во реализација на дел од своите национални приоритети.

Продолжението и не беше голем предизвик за парламентарните известувачи.

„ Првиот ден со говорот на Груевски и настапот на главните критичари беше поинтересен“, вели за ДВ Ертем Ахмет, новинар-аналитичар од МТВ, кој оценува дека Груевски ставил акцент на економските прашања, а за името ја одредил црвената линија.

Вториот ден парламентраците се соочуваа околу економскиот корпус на прашања, но и за двата политички-развојни сектори, како по правило, полемиките имаа етничка поделеност - СДСМ контра ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна ДПА обвини дека оваа Влада, пред се ДУИ, имаат антиалбански концпет на владеење. На моменти дел од интегративците се спротивставија на атаците од опозицијата, во одбрана на партиските сојузници од македонскиот блок, при што се бранеше концептот на мултиетничко општество и помирување.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи