1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток по мерка за шампионот

8 август 2009

Новата сезона во фудбалската Бундеслига започна на најдобар можен начин за актуелниот шампион. Волфсбург го совлада Штутгарт, кој важи за ривал за титулата, со 2:0. Денеска на програмата-нови возбудувања и супер-дуели.

https://p.dw.com/p/J62Z
Почетокот ветува - од дуелот меѓу Волфсбург и ШтутгартФотографија: AP

За првиот гол во новата 47 сезона на Бундеслигата мораше да се чека дури 71 минута. Но, затоа голот беше извонреден. Креаторот на играта на шампионот Волфсбург, Звездан Мисимовиќ со вешт шут од далечина го совлада голманот на Штутгарт, Јенс Леман. Мечот кој дотогаш беше целосно неизвесен и со бројни шанси за двете екипи, беше решен набргу со голот на најдобриот стрелец во минатата сезона, Бразилецот Графит, кој неодамна беше избран за најдобар играч во Германија во минатата сезона.

„Сметам дека во првото полувреме играта беше многу отворена, многу интензивна. Двете екипи имаа шанси. Меѓутоа, во второто полувреме ние бевме подобри од самиот почеток и потоа доминиравме во играта и можевме тоа да го крунисаме со голови“, изјави по мечот тренерот на Волфсбург, Армин Фе.

„Секоја година се почнува од нула“

Денеска (08.08.2009) на програмата се пет натпревари. Борусија Дортмунд го дочекува Келн, кој меѓутоа, ќе игра без својата најголема ѕвезда - повратникот во тимот, Лукас Подолски, кој е повреден. Новиот прволигаш Нирнберг пред распродадениот стадион ќе игра против Шалке 04, во кој започнува ерата на Феликс Магат, тренерот кој лани Волфсбург го доведе до шампионската титула. Освојувачот на купот Вердер го дочекува Франкфурт, а Херта од Берлин - Хановер 96. Баер од Леверкузен, пак, со новиот тренер Јуп Хајнкес гостува во Мајнц. Хофенхајм има дуел со Баерн Минхен. Капитенот на Баерн, Марк ван Бомел апелира до соиграчите да го сфатат натпреварот сериозно од самиот почеток: „Секоја година се почнува од нула. Секоја година мора одново да се докажуваш, се’ едно дали си бил шампион, или петти или шести на табелата“

Symbolbild zur Geschichte der Deutschen Fussball Bundesliga
Фотографија: DW

Натпревари од првото коло на оваа сезона во Бундеслигат се играат и утре. Играат Бохум против Борусија- Менхенгладбах и Фрајбург против Хамбургер.

Автор: СН/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска