1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

030809 Bundesligavorschau

7 август 2009

Долгото чекање заврши, љубителите на фудбалот во Германија му се радуваат на почетокот на новото првенство во Бундеслигата.

https://p.dw.com/p/J5gj
Бундеслига 09Фотографија: DW

На вечерашната премиера (07.08.09) ќе се состанат шампионот Волфсбург и третопласираниот од минатото првенство Штутгарт. Волфсбург со нов тренер - Армин Фе и со стариот ударен тандем од нападот Џеко - Графич, Штутгарт засилен со Александар Хлеб и Павел Погребњак, но со исти амбиции: пак да се борат за врвот.

Дали Шалке конечно ќе се радува на титула?

Летната пауза помина со голема динамика на трансфери - и на играчи, како и на тренери. Девет екипи, значи половина лига, стартуваат со нови тренери. Армин Фе ќе го води првакот, а Феликс Магат, кој го приреди големото изненадување со Волфсбург во претходното првенство, сега ќе настојува по 52 години Шалке конечно да и’ се израдува на титулата. „Навивачите со мене поврзуваат големи надежи, дека овде настанува нешто ново. Тука ништо не помага работите да се симнат на земја“.

Магат го бие глас дека води напорни тренинзи. Напаѓачот Кевин Курањи го потврдува тоа. „Има многу трчање, напорно е и се жалиме. Но, потоа ќе му бидеме благодарни“.

Бајерн стартува со старите амбиции

Новиот тренер во Минхен, Холанѓанецот Луј ван Хал сака по една посна година пак да го донесе Бајерн на врвот. Клубот инвестира рекордни 30 милиони евра, за да го доведе репрезентативецот Марио Гомес од Штутгарт во своите редови. До крајот на месецов, кога е и крај на преодниот период, останува неизвесна иднината на Франк Рибери - во Бајерн, или сепак во посакуваниот дрес на Реал Мадрид? „За тоа не сакам ништо повеќе да кажам: за нас таа тема е расчистена - Франк останува кај нас“, вели Ули Хенес, менаџер на Бајерн.

Fußball, Fußball-Bundesliga, 17. Spieltag, Hertha BSC Berlin - FC Bayern München
Фотографија: AP

Вердер остана без Бразилецот Диего, кој замина во Јувентус. 10- тото место во минатото првенство беше разочарувачко. Која е целта сега? „Да понудиме добар фудбал и од тоа да произлезат колку што е можно повеќе успешни резултати“, вели тренерот Томас Шаф.

Повратници во прволигашкото друштво се Нирнберг, Фрајбург и Мајнц. За нив првенствена цел веројатно ќе биде опстанокот.

Трансфери

Инаку, екипите се засилија со вкупно 149 нови играчи. Од нив само за 40 е платено обесштетување - сите други беа слободни, оти им беше истечен претходниот договор. За трансферите вкупно се платени рекордните 183 милиони евра. Притоа, повеќе од половината екипи потрошија по помалку од пет милиони, а најмалку Нирнберг - само 150 илјади.

Интересирањето за првенството е големо, продадени се повеќе претплатни карти од лани. Се очекува по деветти пат последовно да биде соборен рекордот во посетеност. Претходното првенство го следеа вкупно 12,4 милиони посетители.

Автор: Арнулф Бетхер / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска