EU Wirtschaftsprognose
15 септември 2011Лоши изгледи за европското стопанство. На неговиот вообичаен „сув“ јазик, еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен, соопшти лоша вест:
„Очекуваме економскиот пораст во ЕУ, до крајот на годината, практично да дојде до застој. Во споредба со нашата пролетна прогноза, изгледите се полоши.“
Сепак, Рен категорично исклучува можност за рецесија. Порастот за целата 2011 година, во одделни земји ќе биде многу различен. Тој ќе се движи од 4% во Полска и речиси 3% во Германија, до помалку од 1% во Италија и Шпанија. Причина за генерално лошите изгледи, според Рен, се планината долгови, забавувањето на порастот на светската економија, турбуленциите на финансиските пазари и, не како последно, и слабостите во политичкото раководење.
„Несигурноста кога станува збор за спроведувањето и сомнежот во сопствените политички мерки што се преземаат во борбата против должничката криза, ги застрашуваат и натаму финансиските пазари“, оцени Рен.
Автор: Кристоф Хаселбах / Е.М.Фиданоска
Редактор: Г. Чутаноски