Новите видеа даваат контрадикторна слика за Бин Ладен
8 мај 2011Американската влада со новообјавените видеа од Осама Бин Ладен сакаше и на последните приврзаници на теориите на заговор да им докаже дека набараниот терорист во светот е пронајден и убиен.
Џим Вузли поранешен дирекетор на тајната служба ЦИА по објавувањето на најновите пет видео снимке запленети во засолништето на лидерот на Ал Каеда во Пакистан по неговото убиство истакна:
„ Се’ на се’ објавувањето на овие видео снимки веројатно е дел од пропагандната битка, а покрај тоа и одговорните во Вашингтон сега сакаат да добијат признание за нивната успешна воена операција против Бин Ладен“, вели Вузли.
Владата да внимава !
Меѓутоа Марк Камит , поранешен бригаден генерал и близок соработник на поранешниот претседател Џорџ Буш упатува и предупредување до владата. Според него таа не смее да претерува со објавувањето на материјали од Ал Каеда.
„ Во многу наврати тој изгледа како изморен стар човек кој седи на столче. Проблемот меѓутоа е во тоа што ако од една страна се тврди дека Бин Ладен до самиот крај бил интензивно поврзан со оперативните дејности на најопасната терористичка организација во светот и потоа се видат овие снимки од еден стар човек, кој уште се покрива и со ќебе, би можело од тоа да се прочита контрадикција во официјалните претстави за него. Владата мора да внимава околу тоа“, истакнува Марк Камит.
Па сепак владата упатува на тоа дека објавените видео снимки се само мал дел од вкупниот материјал, кои елетната единица ги запленила во засолништето на Бин Ладен во Аботодабад. Севкупно тие докажуваат колку активна улога играл основачот на терористичката мрежа се до неговата смрт во планирањето и спроведувањето на терористичките напади на Ал Каеда, велат во Вашингтон.
Автор: Клаус Кастан/ Симе Недевски
Редактор: Жана Ацеска