Мрачни прогнози за стопанството
23 април 2009И покрај мрачните прогнози, владата на Ангела Меркел е против трет конјуктурен пакет мерки за поттикнување на стопанството. На самитот за конјуктура што вчера(22.04.2009) се одржа во кабинетот на канцеларот и на кој учествуваа врвни претставници на владата, стопанството и синдикатите, огромно мнозинство од учесниците се изјасниле против трет конјуктурен пакет, беше речено по средбата.
Министерот за економија Карл-Теодор цу Гутенберг изјави дека трет конјуктурен пакет нема смисла и не е неопходен со оглед на тоа што се‘ уште не е докрај почувствувано дејството на конјуктурните пакети 1 и 2. Двата пакета имаат вкупен волумен од 80 милијарди евра.
Прогнозите на експертите се полоши
Германската влада, сепак, признава дека економијата е исправена пред голем пад. „Се покажува дека имаме голем економски пад“, изјави Меркел. Според Гутенберг, на Германија и‘ претсттои „многу, многу тешка година“. Владата смета со пад на економијата од 5%, додека ММФ прогнозира пад од 5,6%.
Уште подрастични се прогнозите на водечките економски институти. Тие, во нивните пролетни прогнози, проценуваат дека економијата ќе забележи пад од 6%. Доколку прогнозите се остварат, тоа би бил најголем економски пад од триесетите години на минатиот век до денеска.
Автор: ЕМФ/дв
Редактор: Ацеска Жана