1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

200608 Deutschland-Portugal

Костадин Делимитов20 јуни 2008

Германија е во полуфиналето на ЕП во фудбал. Тимот на Јоахим Лев на извонреден начин ја совлада Португалија со 3:2. Драматичен натпревар, по кој на улиците во Германија се славеше до ситните часови.

https://p.dw.com/p/ENHH
Радост по победатаФотографија: AP

Десетици илјади фанови на отворено го следеа настапот на своите миленици, кои им се оддолжија на најдобар можен начин. Го испратија дома еден од главните фаворити на првенството.

„Обезбедивме место меѓу четирите најдобри. Тоа е сензационално. Ја победивме, според мене, најдобрата репрезентација на првенството. Тие правеа голем притисок. Пресреќен сум“, изјави Бастијан Швајнштајгер, најдобриот поединец на теренот, кој им донесе водство на Германците.

Одличната тактика беше пресудна за триумфот

Португалцитe беа целосно исфрлени од колосек по вториот гол на Мирослав Клозе. Противникот на кратко се врати во игра во вториот дел со голот на Нуњо Гомез, но потоа на сцена стапи капитенот Михаел Балак, кој го постигна третиот решавачки гол за Германците: „Мислам дека решавачко беше тоа што бевме малку променети. Се разбира, игравме со тактика 4-4-2. Исто така до израз дојде и креативноста, страста, идејата. Тоа денеска беше клучот на победата“, изјави Балак

Euro 2008 Viertelfinale Portugal Deutschland Cristiano Ronaldo
Кристијано Роналдо со својот тим заминува домаФотографија: AP

Извонредно одигра и Лукас Подолски, кој изминатите денови се жалеше на болки во ногата: „Мислам дека никој не сметаше дека можеме да одиграме еден ваков натпревар. Чувството е одлично и мислам дека победивме заслужено“, изјави Подолски.

Тренерот Јоаким Лев, кој натпреварот го следеше од специјална кабина на трибините е пресреќен: „Беше тешко. Од трибините човек исто така може да гледа многу добро. Но, конечно, таа дистанца многу нервираше“, изјави Лев.


Тој во полуфиналето повторно ќе биде на клупата со својот тим. Против кого, ќе биде познато по вечерашниот четвртфинален дуел во Виена меѓу Хрватска и Турција.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема