Координирани мерки за смирување на берзите
7 август 2011За таа цел преку телефонска конференција разговараа замениците министри за финансии за Групата Г 20. За денеска е закажан и слична конференција на министрите за финансии и шефовите на централните банки на седумте најразвиени земји од Групата Г 7, од која се очекува да призлезе соопштение за јавноста.
Преставниците од Јапонија изјавиле дека е „нормално финансиските директори од Г 7 да се консултираат едни со други по телефон пред азиските пазари да се отворат во понеделник и да реагираат на промената на кредитниот рејтинг на САД, бидејќи агенцијата „Стандард еден Пурс“, го намали рејтингот доцна во петокот. Американскиот претседател Барак Обама ги повика републиканците и демократите на потесна соработка во мерките за санирање на големиот државен долг.
Во меѓувреме, и Европската централна банка денеска ќе одржи итен состанок за тоа дали во промет да пушти државни обврзници од Италија,која е последната и најголемата европската економија која се бори со својот буџетски дефицит во услови на криза.
Автор: ГЧ/ЖА/дпа/дв/миа
Редактор: Жана Ацеска