1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците гневни на Тројката

АТ/ дпа/ афп/ ап6 ноември 2013

Во јужна Европа расте незадоволството од диктатот за штедење на меѓународната Тројка. За Грците посетата на меѓународните донатори е повод за нов штрајк. Исто така и ЕУ парламентот бара отчет од контролорите.

https://p.dw.com/p/1ADAg
Фотографија: Reuters

Незадоволни од ригидниот курс на штедење и високата невработеност Грците повторно започнаа со штрајкови. Повод беше контролната посета на меѓународните донатори (претставници на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка), за време на која тие треба да направат проверка за да одобрат натамошна финансиска помош.

Државните службеници, вработените во железницата, возачите на автобуси и лекарите од болниците за повеќе часови ја прекинаа работата. Се штрајкуваше и во поморскиот сообраќај и на аеродромите, додека голем број музеи останаа затворени. На повикот за генерален штрајк не му се придружија сите - вработените во супермаркетите и хотелите, такси и возачите на подземната железница не излегоа на протести. Сепак демонстрациите блокираа големи делови од земјата.

Контрола на контролорите

Пред сѐ младите Грци страдаат од економската криза. Две третини од луѓето под 24 години се невработени. Меѓу другото, оваа лоша состојба предизвика сомнеж во Европскиот парламент во однос на работата и легитимитетот на контролорите на Тројката. Повеќе пратеници им префрлија на експертите дека со стриктните мерки за штедење уште повеќе ја воделе земјата во рецесија и биле едни од предизвикувачите на лошата социјална состојба.

Претставници на ЕЦБ го негираа ова. Во наредните месеци економскиот комитет на Европскиот парламент ќе изработи извештај за Тројката.