1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројката во Грција - повторно протести и штрајкови

ЕМФ/дпа/дв5 ноември 2013

Грчките службеници најавија нов штрајк поради политиката на штедење во земјата. Освен тоа, се очекува и штрајк на контролорите на летање. Штрајковите се поклопуваат со новите контроли од страна на Тројката.

https://p.dw.com/p/1ABf8
Фотографија: Reuters

Експертите на таканаречената Тројка (ЕУ, ММФ, ЕЦБ) денеска (05.11) во Грција почнаа со контрола на грчките раформски напори. Од резултатите на проверката зависи дали Грција ќе добие нова транша помош во висина од една милијарда евра. Грчкиот премиер Андонис Самарас исклучи можност за натамошни кратења на платите и пензиите. Тој вчеравечер за грчката телевизија рече дека кратење „нема да има“.

Инвеститорите бараат од Атина натамошни мерки на штедење поради проценките дека во буџетот за наредната година ќе се јави дупка од 2,5 до 2,9 милијарди евра. Атина пак, проценува дека дупката ќе изнесува само 500 милиони евра и вели дека тие пари може да се добијат од поефикасно собирање на даноците и други реформи. Владата стравува дека ќе има нови протести ширум земјата доколку повторно има кратења на плати и пензии.

EU-Gipfel in Brüssel Antonis Samaras 24.10.2013
Андонис Самарас најавува дека нема да има кратења на плати и пензииФотографија: picture-alliance/dpa

За утре, 24-часовен штрајк веќе најавија грчките службеници. Затворени ќе останат министерствата, училиштата и музеите. Освен тоа, се очекува и отпаѓање на летови, со оглед на тоа што неколку часа во штрајк ќе стапат контролорите на летање.