1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Љубчо С. од велешко Каласлари пукал кон Тодоров

1 јуни 2017

Во инцидентот нема повредени лица, а приведениот е на разговор во полициска станица

https://p.dw.com/p/2dyZn
Symbolbild - Rechtsextreme - Waffenschein
Фотографија: picture alliance/dpa/O. Killig

Љубчо С. (1957) од велешкото село Долно Каласлари, е човекот кој денеска испукал два проектила од огнено оружје во насока кон поранешниот министерот за здравство, Никола Тодоров. Како што дознава ДВ од МВР, во инцидентот нема повредени лица, а приведениот е на разговор во полициска станица. Од МВР велат дека сѐ уште не се знаат мотивите поради кои лицето пукало и тоа допрва ќе се утврдува.

Nikola Todorov Mazedonischer Bildungsminister
Никола Тодоров не е повреденФотографија: MIA

Инцидентот се случил околу 12 часот пред зградата на Министерството за здравство, меѓутоа брзо интервенирало обезбедувањето на Тодоров, и сторителот бил совладан.

На настанот сведочеле голем број очевидци, кои сторителот го опишаа како лице на околу 50 години.  Наводно, тој му се приближил на Тодоров, му го вперил пиштолот во глава, нешто му рекол, по што обезбедувањето го турнало.

Во 12 и 30 часот требаше да биде извршено примопредавање на министерската функција од страна на поранешниот министер Никола Тодоров на новиот министер, Арбен Таравари.