1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една сосема необична свадба

СН/ дв
21 ноември 2017

Портата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико досега била отворена само шест пати во последните четири години. Двајца вљубени овојпат го искористија реткото отсуство на граничните пречки- да склучат брак.

https://p.dw.com/p/2nzeE
Griechenland Hochzeit
Фотографија: picture-alliance/Bildagentur-online/Begsteiger

На границата меѓу американскиот град Сан Диего и мексиканскиот Тихуана се случи необична венчавка.  Церемонијата се одржа на контролниот пункт на американско-мексиканскиот ѕид.  Младоженците се надеваат дека по свадбата невестата може да се пресели кај младоженецот во САД. Вратите на американско-мексиканскиот ѕид од 2013 година досега биле отворени само шест пати, за да можат членовите на семејствата, кои ги дели границата, да се видат.

Љубовта не познава граници

Овојпат во тој еден час, додека беше отворен контролниот пункт, се одржа свадбена церемонија.  Брајан и Евелија се запознале пред три години во Тихуана. Брајан се надева дека по свадбата, Евелија ќе може да се пресели кај него во САД.  Но, бидејќи Евелија се’ уште нема виза, двојката, за жал, мораше повторно, барем привремено, да се раздели.

http://www.sandiegouniontribune.com/news/watchdog/sd-me-border-gate-20171118-story.html