1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Љајиќ: Нема согласност на Македонија и Србија за брашното

ЕМФ /агенции
2 март 2018

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ го впери прстот кон Македонија во врска со проблемот со извозот на српско брашно кај јужниот сосед.

https://p.dw.com/p/2taZ2
Serbischer Minister Rasim Ljajic
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Markovic

Со оглед на тоа што со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски не е постигната согласност за повлекување на спорниот правилник на Владата на Македонија за маркирање на брашното, со кој на српските мелничари им е отежнат извозот на пазарот во Македонија, денеска не е одржана најавената средба во Скопје, изјави во Белград српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

„Со оглед на тоа што не дојдовме до одржливо решение и предлог спогодба, нема ни причина да патуваме во Скопје. Договор е во текот на викендот да продолжиме со усогласување, за да дојдеме до договор кој ќе претставува долгорочен и системски начин за решавање на проблемот на извозот на брашно од Србија во Македонија“, рече Љајиќ.

Според српскиот министер, „ова е веќе 13 пат во последните неколку години да имаме бариери низ различни модалитети“, кои во „голема мерка им го отежнуваат на нашите мелничари извозот на брашно на македонскиот пазар“.

Љајиќ предупреди дека доколку Србија и Македонија не постигнат договор, алтернатива е продолжување на примената на мерки и контрамерки, од кои ќе трпат штети стопанствениците на двете земји, а „ќе бидат загрозени и вкупните билатерални односи“.

За српските производители Македонија е трет извозен пазар, на кој годишно пласираат 30 до 40 илјади тони брашно.